logo
logo
logo

Видал во свој стил: Сити е здодевен, во Милан се будали, ми се гади од Њукасл

Vecer | 24.09.2023

Видал во свој стил: Сити е здодевен, во Милан се будали, ми се гади од Њукасл

Артуро Видал, некогашниот фудбалер на Интер и Јувентус и уште неколку европски клубови даде свој коментар по мечевите од 1.коло од групната фаза во ЛШ. Тој сега игра за Атлетико Параненсе во Бразил, но ги гледал мечевите од ЛШ посебно оној меѓу Милан и Њукасл.
На тој меч италијанската екипа имаше 25 шутеви кон гол од кои девет во рамките на голот.
Го изгледав најлошиот натпревар во историјата на Лигата на шампионите. Тоа е оној меѓу Милан и Њукасл. Будалите од Милан ме повредија. Имаат среќа што сите знаат да трчаат. Од Њукасл ми се гади. Не го разбирам, беше четврти во првенството и мораше да ризикува и да направи нешто во првиот натпревар“, изјави Видал.

Одличен меч беше Порто-Шахтјор. Сити беше здодевен како и секогаш. Ми се допадна второто полувреме од мечот меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд. Во првото заспав“, вели Чилеанецот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk