logo
logo
logo

УЕФА ранкинг: Англија и Шпанија идната сезона ќе имаат по пет екипи во ЛШ?

Vecer | 14.03.2025

УЕФА ранкинг: Англија и Шпанија идната сезона ќе имаат по пет екипи во ЛШ?

Англија и Шпанија водат во трката за петто место во Лигата на шампионите за сезоната 2025/26. Едно дополнително место во Лигата на шампионите ќе добијат двете земји со најдобар ранкинг на УЕФА на крајот од сезоната. По 1/8-финалните натпревари од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, Англија и Шпанија ја засилија предноста пред останатите европски лиги.

Англија моментално е на првото место со 23.890 бодови, Шпанија е втора (21.462), Италија е трета (19.750), Германија е четврта (17.796), а Франција е петта (16.250). Разликата меѓу второто и третото место сега е 1.712 поени, што е речиси двојно повеќе од претходната фаза од европските купови.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk