logo
logo
logo

Уапсен поранешен црногорски репрезентативец

Vecer | 08.12.2023

Уапсен поранешен црногорски репрезентативец

Поранешниот фудбалер на Партизан и екс-црногорски репрезентативец, Симон Вукчевиќ е уапсен на граничниот премин Гостун кога се обидел да излезе од Србија и да влезе во Црна Гора. Во неговиот автомобил биле пронајдени пиштол и 126 метци.
Поради тоа што го направил кривично дело од Законот за оружје, на Вукчевиќ му е одреден триесетдневен притвор. Тој не го пријавил, а полицијата при претрес му го пронашла.

Инаку Вукчевиќ во кариерата беше репрезентативец на Србија и Црна Гора, а по распадот на заедничката држава одлучи да продолжи за настапува за Црна Гора. Инаку тој е дете на Партизан, а еден период го носеше дресот со број 1 иако не е голман.

Настапуваше во Русија, па Спортинг Лисабон, Блекбурн Роверс, па се врати во Војводина во дресот на Војводина, играл во Грција, Кипар, а последниот клуб му бил Будуќност од Подгорица. Во 2018 година се пензионира од фудбалот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk