logo
logo
logo

Томовски не застанува - нова блескава партија во Бундес-лигата

Vecer | 13.05.2021

Томовски не застанува - нова блескава партија во Бундес-лигата

Уште една блескава партија на Мартин Томовски во Бундес-лигата. Македонскиот репрезентативец голман одново е во центарот на вниманието, Лудвигсхафен славеше на домашен терен го совлада Бершигер со 28-22 во рамките на 30. коло.

Томовски овој дуел го заврши со 14 одбрани, две од нив беа од седум метри. И на оваа средба тој на теренот беше 58. минути. За Лудвигсхафен ова беше седма победа оваа сезона.

На победа ова коло се радуваше Вецлар, беше подобар од Линген со 35-26. Македонскиот репрезентативец, Филип Миркуловски запиша три гола.

Штутгарт на Жарко Пешевски беше поразен од Лемго со 35-29, нашиот пикер имаше два гола.

Во рамките на 30. коло, Филип Кузмановски и Хановер освоија бод против Фуксе Берлин, дуелот заврши 27-27. Кузмановски имаше две асистенции и два неуспешни обиди.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk