logo
logo
logo

Парчосување – „топчиите“ ја запиша највисоката победа над Челзи во историјата

Vecer | 23.04.2024

Парчосување – „топчиите“ ја запиша највисоката победа над Челзи во историјата

Лондонско дерби, победа на Арсенал и продолжување на трката за титулата во Премиер лигата. „Топчиите“ на свој терен го „распарчија“ Челзи со 5:0. Четата на Микел Артета уште еднаш одигра фантастично, додека „сините“ повторно разочараа.
Резултатот го отвори Тросар уште во четвртата минута. Водството од 1:0 остана на полувреме, а во второто „топчиите“ постигнаа уште четири гола.
Бен Вајт зголеми на 2:0, следуваа два гола на Каи Хаверц, а потоа повторно Вајт.

По 34 натпревари Арсенал е прв со 77 бодови, три повеќе од вториот Ливерпул кој има меч помалку и четири повеќе од третиот Сити кој има два меча помалку.

Ова е највисоката победа на Арсенал над Челзи во историјата на Премиер лигата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk