logo
logo
logo

Симоновски отпаѓа од списокот за Перм?

Vecer | 14.02.2021

Симоновски отпаѓа од списокот за Перм?

Македонската кошаркарска репрезентација утре заминува за Перм, градот домаќин на последниот квалификациски турнир за пласман на ЕП 2022. Поради пеколното темпо, четири меча во пет дена, селекторот, Александар Тодоров на располагање ќе има 15 играчи.

Ова значи дека двајца кошаркари ќе отпаднат од потесниот избор. СПОРТМЕДИА дознава дека во Русија најверојатно нема да патува, Марко Симоновски. Играчот на Кожув не ги почна подготовките веднаш поради повреда на листот на левата нога, и токму поради истата тој нема да може да им помогне на соиграчите во битката за ЕП.

Останува до крајот на денот да биде познат списокот на конечни патници за Перм.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk