Утре на програмата се првите мечеви од 1/8 финалната фаза од Лигата на Шампионите, а во неа како главен меч секако дека е градското дерби помеѓу екипите на Атлетико Мадрид и Реал Мадрид.
На денешната прес конференција тренерот на Атлетико Диего Симеоне го пренесе на јавноста своето мислење околу историскиот дуел на вечните ривали.
„Ова е натпревар на кој ќе му пристапиме со голема почит против многу голем противник. Разбирам дека и тие не почитуваат на ист начин. Да беше екипа од друга лига немаше да разговараме на оваа тема. Претходните натпревари немаат никакво влијание. Спектакуларно е за Мадрид, но и за Шпанија, бидејќи сигурно ќе има свој претставник во четвртфиналето. И за нас самите кои ќе играме и ќе уживаме. Ова е многу важен натпревар, на кој ќе му пристапиме со голема почит и ќе бидеме подготвени за се што треба да се случи. Не ја разбирам дефиницијата за омилен противник. Ни претстои противник кој го почитуваме. Ги знаеме нашите сили, се подобруваме и ќе се обидеме да го однесеме натпреварот таму каде што можеме да им нанесеме штета, болка. Борба од ваков калибар е полна со детали. Веќе ги знаеме сите детали, да, деталите се одлучувачки. Не се знае кој е лимитот на Џулиан Алварез. Тој е многу млад, има простор за развој и се надеваме дека можеме да му помогнеме да продолжи да расте. Многу сум среќен со головите од контранапади бидејќи на Џулиан му оди доста добро. Се чувствувам многу возбудено, како да е мојот прв ден во Атлетико. Со желба што ја имав по моето пристигнување, да го однесам на самиот врв на Европа, почитувајќи ги нејзините вредности и историја. Треба да уживаме во овие моменти. Секогаш сум ги ставал Барселона и Реал Мадрид таму каде што се поради нивната историја. Ние, од друга страна, сме олицетворение на клуб кој расте, што е прекрасно“ – рече Симеоне на денешниот прес.
❝Para la ciudad de Madrid es espectacular que los dos equipos se enfrenten. Mañana tenemos una gran oportunidad❞.
— Simeone 🎙️ pic.twitter.com/qg5qcqGHVA
— Atlético de Madrid (@Atleti) March 3, 2025