logo
logo
logo

Квалификации за СП: Англија со Тухел против Албанија, БиХ гостува во Букурешт

Vecer | 21.03.2025

Квалификации за СП: Англија со Тухел против Албанија, БиХ гостува во Букурешт

Денеска и официјално стартуваат европските квалификации за пласман на СП 2026. Секако дека сите погледи ќе бидат свртени кон “Вембли“ во Лондон каде Англија како европски вицешампион на двете последни ЕП, ја дочекува Албанија, селекција која во последните 2-3 години бележи одлични резултати.

Сепак овој меч е поинтересен поради фактот што денеска своето деби на клупата на Англија ќе го има Томас Тухел. Од него не се очекува само победа вечер или сигурен пласман на Мундијалот, од него се бара и очекува и титула.

Да кажеме и тоа дека последните десет селектори на Англија секогаш победувале во своето деби.

Ќе биде интересно и во Букурешт, каде Романија ја дочекува селекцијата на БиХ. Веројатно домашните се фаворити на хартија, ама кој може предвреме да ги отпише Босанците.

Ова се двојките за вечерва:

ГРУПА – Х

Кипар – Сан Марино (18:00 Ч)

Романија – БиХ (20:45 Ч)

ГРУПА – Г

Малта – Финска (20:45 Ч)

Полска – Литванија (20:45 Ч)

ГРУПА – К

Англија – Албанија (20:45 Ч)

Андора – Летонија (20:45 Ч)


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk