Последните вести од Каталонија дека нема ништо да биде чудно ако Лео Меси во 2026 година повторно го облече дресот на Барселона. Тоа е негова желба, тоа е желба на каталонскиот гигант. Имено како што пренесуваат релевантни медиуми во Шпанија, Барселона се спрема да му испрати официјална понуда на својот Лео, кој во 2021 година си замина од “Камп Ноу“ и се пресели во ПСЖ.
Сега најдобриот фудбалер на сите времиња игра за Интер Мајами, но негова желба е кариерата да зја заврши во Барселона и да заигра на новиот “Камп Ноу“.
Меси со Интер Мајами има договор до крајот на оваа година, па така можно е следната година во ова време тој веќе да го носи дресот на Барса, ако тоа не се случи тогаш тој би се вратил во Барселона после СП 2026.