Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ја покажа својата поразлична страна во интервју за „COPE El Partidazo“, откако беше провоциран од водителот Хосеба Ларанјага со зборовите:
„Една студија покажува дека Шпанците во просек имаат 56 сексуални односи годишно. Па во тој поглед дали сте повеќе Шпанец отколку Аргентинец ?
„Колку кажа? 56 годишно… Колку излегува месечно, 4 пати? Не, не четири… Ако имате секс само 4 пати месечно, нема да можете да играте во мојот тим“, рече тренерот.
Симеоне беше прашан и колку пати во просек имаат секс играчите на Атлетико.
„15 пати месечно? Нема да кажам, но имаме добар просек“, изјави Диего.