logo
logo
logo

Секоја чест: ПСЖ води 600 вработени на финалето во ЛШ во Минхен!

Vecer | 10.05.2025

Секоја чест: ПСЖ води 600 вработени на финалето во ЛШ во Минхен!

ПСЖ е во еуфорија. “Светците“ од Париз откако го елиминираа Арсенал, по вторпат во својата клупска историја ќе играат во големото финале во Лигата на Шампионите. Тимот од Париз на 31 мај на „Алијанц Арената“ во Минхен во битката за најважниот пехар во клупскиот фудбал ќе се соочат со Интер.

Ова за ПСЖ ќе биде второ финале, откако во 2020 година беа поразени од Баерн Минхен.

Познато е дека да се добие билет за финале во ЛШ е тешка мисија, и затоа раководството на ПСЖ има одлична идеја како да ги награди сите вработени во клубот, вкупно 600 на број.

Еве што претседателот на “светците“ Насер Ал-Келафи изјави:

Сите наши вработени ќе имаат можност да бидат со нашиот тим во Минхен на оваа последна мисија во ЛШ“.

И по ова што да се каже освен – СЕКОЈА ЧЕСТ и БРАВО.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk