logo
logo
logo

Се надеваа на учество во ЛШ, но сега може да останат и без место во ЛЕ

Vecer | 13.05.2021

Се надеваа на учество во ЛШ, но сега може да останат и без место во ЛЕ

Евертон го губи чекорот со конкурентите за пласман во Лига Европа наредната сезона. „Карамелите“ во рамките на 35. коло од Премиер лигата одиграа без голови на гостувањето кај Астон Вила и со тоа останаа надвор од позициите кои водат во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Четата на Карло Анчелоти во еден дел од сезоната играше добро, па дури навивачите па и играчите се понадеваа дека можат да изборат пласман во ЛШ, меѓутоа сега стравуваат и за место во Лига Европа.

Вечерва на „Вила парк“ екипата од Ливерпул одигра без голови што е нивно осмо реми сезонава. Со тоа се најдоа на осмото место на табелата со исто бодови како и седмиот Тотенхем, а еден помалку од Ливерпул на шестото и два помалку од Вест Хем на петтото место.

Астон Вила е на позиција број 11.

Инаку ова е четврти меч по ред како што Евертон не успева да ја совлада Астон Вила.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk