logo
logo
logo

Рангник не сака да работи во Баерн

Vecer | 20.04.2024

Рангник не сака да работи во Баерн

Баерн сигурно ќе го смени Томас Тухел по завршувањето на сезоната, а подолго време кружат неколку имиња за негов наследник. На големо се зборуваше за Јулијан Нагелсман, но овој стручњак го продолжи договорот со Германија до 2026 година.
Според „Спорт1.де“, Ралф Рангник бил поканет на разговор за позицијата но тој одбил. Причината е што тој има јасна позиција, сака да продолжи да работи како селектор на австрискиот национален тим до крајот на договорот, до 2026 година.
Тој сака да го продолжи проектот со репрезентацијата на Австрија кој го започна во април 2022 година. Во јуни ќе учествува на ЕП во Германија.
Рангник претходно беше в.д.тренер на Манчестер Јунајтед, работеше како прв тренер на РБ Лајпциг во два периоди, па во Шалке, Хофенхајм, Хановер…

Во меѓувреме „Ел Мундо Депортиво“ пишува дека Зинедин Зидан е пред вратите на Баерн Минхен.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk