logo
logo
logo

Само чудо ја дели Англија од тоа да има шест екипи во ЛШ за следната сезона!

Vecer | 02.05.2025

Само чудо ја дели Англија од тоа да има шест екипи во ЛШ за следната сезона!

И затоа Премиерлигата е најсилна во светот. Имено за следната 2025/26 од оваа лига ќе има шест екипи во Лигата на Шампионите. Секако дека тоа е рекорд и само чудо ја дели Англија од тоа.

Имено треба Билбао или Бодо/Глимт да направат вистинска сензација во реваншите во ЛЕ, односно да не дозволат Манчестер Јунајтед или Тотенхем да го освојат пехарот ако се знае дека овие два тима веројатно ќе играат во финалето.

Да скратиме. Ако Јунајтед или Тотенхем го освојат пехарот во Лигата на Европа, тогаш Англија ќе даде шест клубови во ЛШ. Познато е дека се пласираат оние екипи од првата до петтата позиција на табелата, а победникот во ЛЕ оди дирекртно во ЛШ.

Има можност и за седми тим, но тешко дека Арсенал ќе падне од втората на шестата позиција на табелата во последните кола во ПЛ.

Инкку Арсенал сеуште има шанси за и трофејот во ЛШ оваа сезона, само ќе треба прво да го мине ПСЖ среде Париз, ако се знае дека во Лондон беше поразен со 0:1 во првиот полуфинален меч.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk