Зарем можеше поинаку, ако се знае во каква форма игра гигантот од „Енфилд“ оваа есен, како во ПЛ така и во ЛШ.
Па така Мохамед Салах е избран за играч во Премиер-лигата за ноември, а најдобар тренер е Арне Слот, се разбира и двајцата од Ливерпул.
“Редси“ победија во сите три меча во ПЛ во ноември и тоа против Брајтон со 2:1, против Астон Вила со 2:0, и со Саутемптон со 3:2.
Признанието за најубав гол за ноември му припадна на Хари Вилсон од Фулам за мајсторијата против Брентфорд, а за најдобра одбрана е прогласена онаа на Онана од Манчестер Јунајтед против Ипсвич.