logo
logo
logo

Рејндерс го врати Милан од пораз до победа (ВИДЕО)

Vecer | 15.03.2025

Рејндерс го врати Милан од пораз до победа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан на домашен терен со пресврт успеаја да го совладаат Комо со 2:1 во натпреварот од 29. коло во италијанската Серија А. Гостите вечерва беа блиску до големо изненадување, што речиси сигурно ќе се случеше да не беше исклучително добро расположениот Рејндерс во дресот на „росонерите“.

Холандскиот интернационалец со асистенција и гол донесе целосен пресврт и со тоа потврди дека е во одлична форма. Во центарот на вниманието се најде и поранешниот англиски репрезентативец Деле Али, кој доби директен црвен картон на своето деби за Комо по само девет минути игра.

Комо поведе со голот на Да Куња во 33. минута (1:0) и со овој резултат се замина на одмор. На стартот на вториот дел во 53. минута, Пулишиќ успеа да израмни на 1:1, а моментот на одлука беше 75. минута кога Рејндерс погоди за 2:1 и целосен пресврт на „Сан Сиро“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk