logo
logo
logo

Реал Мадрид со гол во 90+5.минута не и дозволи на Барса вечерва и официјално да биде шампион! (ВИДЕО)

Vecer | 14.05.2025

Реал Мадрид со гол во 90+5.минута не и дозволи на Барса вечерва и официјално да биде шампион! (ВИДЕО)

Фото Реал Мадрид ФЦ/ФБ

Тоа е Реал Мадрид. Се играше 90+5.минута при резултат 1:1 на мечот дома со Мајорка, и тогаш само како што знаат “кралевите“ со голот на Рамон успеа да победи со 2:1. Победа со која не и дозволи на Барселона уште вечерва и официјално да ја прославува титулата. Сепак јасно е дека каталонците се на потег, тие со бод утре кај Еспањол на две кола до крајот ќе стават “печат“ на трофејот во Ла Лига.

Математички Реал има шанси, ама треба Барса сите три преостанати меча да ги загуби а Реал на сите два да победи па да дојде до такво нешто, до такво чудо.
Инаку Мајорка поведе вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ со 0:1 и тоа со голот на Валјент во 11.минута. Реал израмни со голот на Мбапе во 68.минута а како што веќе нагласивме, Рамон во судиското продолжение донесе победа за конечни 2:1.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk