logo
logo
logo

Реал Мадрид не му ја исполни во целост желбата на Рудигер

Vecer | 18.05.2026

Реал Мадрид не му ја исполни во целост желбата на Рудигер

Антонио Рудигер, чиј договор истекува, ја прифати понудата на Реал Мадрид за продолжување и ќе остане во клубот уште една сезона, објавува „Ас“. 33-годишниот дефанзивец се надеваше дека ќе потпише нов двегодишен договор, но на крајот остана полтиката на “кралевите“ – фудбалери да не потпишуваат долгорочни договори.

Германскиот дефанзивец имаше тешка сезона, обележана со физички проблеми кои го прогонуваат долго време и на крајот бараа операција. По консултација со лекари во Лондон, беше применет третман кој му помогна да ја надмине болката што го принуди да игра со непријатност со месеци. Како што се виде во последните натпревари од кампањата, овие проблеми сега се минато.

Рудигер му се придружи на Реал Мадрид во летото 2022 година и иако првично имаше тешкотии да се етаблира меѓу стартерите, постепено стана неопходен дел од плановите на Карло Анчелоти. Проблемите со колкот и коленото честопати го држеа на границата на неговите можности, особено на крајот од минатата сезона.

Дефанзивецот доби разни понуди во последните години, вклучувајќи една особено профитабилна од Саудиска Арабија. Сепак, Германецот одлучи да остане лојален на Реал Мадрид, верувајќи дека сè уште има предизвици што треба да се надминат со „белиот“ дрес.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk