logo
logo
logo

Мурињо поставил три услови пред да дојде во Реал

Vecer | 18.05.2026

Мурињо поставил три услови пред да дојде во Реал

ФОТО:facebook.com/SLBenfica/

Жозе Мурињо е на чекор да стане нов тренер на Реал Мадрид. Иако веста не е официјално потврдена, сите извори наведуваат дека португалскиот стручњак постигнал договор со претседателот Флорентино Перез за враќање на клупата што ја напушти во 2013 година. Преговорите вклучувале и неколку од условите на Мурињо за враќање во Мадрид.

Според новинарот Серхио Валентин од EsRadio, првиот услов на Мурињо е двегодишен договор. За разлика од претходниот тригодишен мандат, Португалецот овој пат бара стабилност и време за изградба на проект. Сепак, од него ќе се очекува веднаш да освои трофеи, бидејќи Реал Мадрид влегува во новата сезона по две години без титула.

Мурињо сака да има влијание и врз трансферната политика на клубот. Ова е отстапување од вообичаената практика во Реал, каде што одлуките за засилувањата ги носат исклучиво претседателот Перез и генералниот менаџер Хозе Анхел Санчез. Мурињо, кој беше одговорен за доаѓањето на играчи како Месут Озил и Анхел Ди Марија во неговиот прв мандат, сака повторно да биде вклучен во процесот на селекција на играчи.

Едно од барањата се однесува и на составот на тренерскиот штаб. Мурињо наводно побарал Антонио Пинтус, фитнес тренерот поддржан од Флорентино Перез, да не биде дел од неговиот штаб. Пинтус претходно го напушти клубот заедно со Чаби, но се врати во јануари со одлука на одборот.

Португалецот има намера да го донесе својот тим соработници од Бенфика, во кој се вклучени помошникот тренер Жоао Траља, асистентите Педро Мачадо, Рикардо Формосињо и Рикардо Роча, и аналитичарите Роберто Мерела и Рубен Соарес. Антонио Дијас ќе биде задолжен за физичката подготовка, а Нуно Гомес ќе работи со голманите.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk