logo
logo
logo

Раиола има луда идеја: Бара милион евра неделно како плата за Халанд

Vecer | 12.04.2021

Раиола има луда идеја: Бара милион евра неделно како плата за Халанд

Во последно време топ тема во светскиот фудбал е заминувањето на Норвежанецот Ерлинг Халанд од екипата на Борусија Дортмунд на крајот од оваа сезона.

Неговиот менаџер Мино Раиола веќе ја започна мисијата, со тоа што заедно со таткото на фудбалерот почна со отворени преговори со заинтересираните европски гиганти. Халанд игра одлично во дресот на германскиот клуб и не е тајна дека многу европски великани би платиле сериозни суми за да го видат во својот ростер за следната сезона.

Англиските медиуми пренесуваат дека малкумина ќе можат да си го дозволат потписот на Халанд, затоа што Раиола има неверојатно луд план. Имено, идејата на Раиола е Халанд да биде првиот играч во историјата кој ќе заработува дури еден милион евра неделно.

Јасно е дека ПСЖ и Манчестер Сити се единствените кои можат да го овозможат тоа во моментот, а дали ќе успее оваа луда идеја на Раиола останува да се види до почетокот на летниот преоден рок.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk