Екипата на Ал Насер на Кристијано Роналдо нема да патува во Иран на гостувањето кај Естеглал во третото коло од азиската Лига на шампиони.
Двата клуба постигнаа договор натпреварот да се игра на 22 октомври на неутрален терен, а причината е зголемената тензија меѓу Иран и Израел.
Мечот најверојатно ќе се игра во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, како што посакува Естеглал, а други опции се Оман и Катар.
Во меѓувреме, Мохун Баган ја немаше истата судбина како Ал Насер и беше дисквалификуван од турнирот откако одби да отпатува во Иран на гостувањето кај Трактор Сази.