logo
logo
logo

Спектакл во Минхен: Мусиала уште во 1.минута донесе водство, Шешко израмни во втората, а потоа Баерн се разгоропади!

Vecer | 20.12.2024

Спектакл во Минхен: Мусиала уште во 1.минута донесе водство, Шешко израмни во втората, а потоа Баерн се разгоропади!

Уф,каков спектакл во Минхен? Во дербито на 15.коло во Бундес-лигата, вечерва на „Алијанц Арената“ во Минхен, Баерн со 5:1 го декласираше Лајпциг.

Супер интересно беше уште во првите секунди од средбата. Прво уште во 1.минута Мусиала му донесе водство на домашниот тим, за да во втората минута, само неколку секунди подоцна, Шешко израмни на 1:1. Тоа беше шок за фановите на “баварците“ на трибините кои и вечерва беа преполни на „Алијанц Арената“.

Лајмер во 25.минута донесе водство од 2:1, десет минути Кимих зголеми на 3:1. И со тој резултат се замина на пауза.

Во второто полувреме домашните како да додоа “гас“ што се вели, се редеа акциите пред голот на “биковите“, за Сане и Дејвис стрелаат за конечни 5:1.

Ова беше една од најдобрата партија на тимот на Винсент Компани оваа есен. Да кажеме и тоа дека во составот се врати Хари Кејн кој беше и стартер, додека кај гостите и овојпат во записникот го немаше нашиот Елиф Елмас поради повреда.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk