logo
logo
logo

По разговорот со капитенот: Ханси Флик донесе неочекувана одлука, Лапорта е во шок!

Vecer | 16.12.2024

По разговорот со капитенот: Ханси Флик донесе неочекувана одлука, Лапорта е во шок!

Ако до пред неколку недели Барселона на Ханси Флик си ги „мачкаше“ воите ривали, пред се Реал Мадрид и Баерн Минхен, сега таа “страшна“ Барса не може да извади ни бод против Легањес на свој терен како што беше тоа вчера на „Монжуик“.

По најновиот пораз и резултатска бламажа, имало вонреден состанок меѓу тренерот Ханси Флик и капитенот Рафиња. Бразилецот му се пожалил на својот тренер дека екипата во целост е исцрпена и дека им треба под итно одмор.

Ова Германецот го прифатил и им дал два дена одмор (понеделник и вторник).

По оваа неочекувана одлука на Флик, претседателот Хаон Лапорта бил во шок. Тој само го прашал Германецот знае ли што прави ако се знае дека во сабота се игра големото дерби против Атлетико Мадрид во меч од Ла Лига и пак на “Монжуик“ и тоа без Ламине Јамал кој ќе биде во „аут“ најамалку три седмици.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk