Го сакаше во летниот преоден рок, ама по се изгледа дека ќе го добие во јануари. Како што се пренесува во медиумите од Островот, Арне Слот и тоа како бил заинтересиран за услугите на младиот офанзивец на Аталанта, Шарл Де Кетеларе. Интернационлецот од Белгија игра одлично во тимот од Бергамо, а тоа стратегот на Ливерпул секако дека го забележал.
Се говори и тоа дека имало првични контакти а наводно Ливерпул понудил 50 милиони фунти за Де Кетеларе.
Сега на потег е раководството на Аталанта. Инаку позното е дека Де Кетеларе во Милан дојде до Бриж во 2022 година, а се пресели во Бергамо оваа година и има договор до 2027 година.