logo
logo
logo

По одлуката на ФИФА, Роналдо се огласи кратко: Сонот е остварен!

Vecer | 12.12.2024

По одлуката на ФИФА, Роналдо се огласи кратко: Сонот е остварен!

Кристијано Роналдо на социјалните мрежи напиша дека Светското првенство во 2030 година ќе биде „најспецијалното“ досега, откако Португалија и уште пет други земји беа официјално прогласени за домаќини на Светското првенство во 2030 година.

Турнирот ќе биде прв што ќе се игра во шест различни земји, а Шпанија, Португалија и Мароко ќе бидат главни домаќини, додека јужноамериканските нации Аргентина, Парагвај и Уругвај ќе добијат по еден натпревар. Форматот ќе и помогне на ФИФА да ја одбележи стогодишнината од Уругвај како домаќин на првото Светско првенство во 1930 година.

„Остварен сон“, напиша Роналдо (39) во објавата на Инстаграм, на која се наоѓа фотографија на која слави додека го носи дресот на Португалија и зборовите: „Најспецијалното Светско првенство досега“.

Роналдо е единствениот фудбалер кој постигнал гол на пет светски првенства, но веројатно нема да продолжи да игра во 2030-тата година.

„Португалија ќе биде домаќин на Светското првенство во 2030 година и тоа не направи горди“, напиша тој.

Одобрувањето на кандидатурата на шесте нации беше главно формалност на онлајн состанокот на ФИФА во средата, при што Саудиска Арабија, исто така, официјално беше потврдена како домаќин на Светското првенство во 2034 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk