logo
logo
logo

Мбапе е повреден и речиси сигурно ќе го пропушти финалето на Интерконтиненталниот куп

Vecer | 12.12.2024

Мбапе е повреден и речиси сигурно ќе го пропушти финалето на Интерконтиненталниот куп

Килијан Мпабе се повреди на последниот дуел на Реал Мадрид во Лигата на Шампионите неделава против Аталанта и најверојатно ќе го пропушти финалето од Интернационалниот куп.

„ По денешните тестови извршени врз нашиот играч Килијан Мбапе од страна на медицинските служби на Реал Мадрид, констатирана е повреда на бутот на левата нога. Претстои пауза за напаѓачот – стои во соопштението на клубот.

Според информациите на „Марка“, Мбапе ќе биде надвор од терените околу десетина дена. Тоа значи дека тој речиси сигурно ќе го пропушти финалето на Интерконтиненталниот куп на 18 декември во Катар против мексиканската Пачука или египетскиот Ал Ахли.

Викендов Реал има дуел со тимот на Рајо Ваљекано во Примера, а тука воопшто не станува ниту збор за настап на франзуцинот.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk