logo
logo
logo

Перез пред реализација на договор од 60 милиони евра за централен бек

Vecer | 20.03.2025

Перез пред реализација на договор од 60 милиони евра за централен бек

Фран Гарсија не успеа да се наметне како клучен играч во Реал Мадрид. Неговиот настап предизвика сомнеж кај стручниот штаб, па не е исклучено летово да биде принуден да си замине.

Одбранбено, Ферланд Менди се покажа како многу посигурна опција на натпреварите, особено на поважните и е очигледен фаворит на Карло Анчелоти.

И покрај тоа што нападот беше неговата силна страна, офанзивните бројки на Фран Гарсија беа прилично скромни. Сепак, неговата пазарна вредност се проценува на само 15 милиони евра, што го прави атрактивна опција за неколку клубови.

Со оглед на оваа ситуација, Флорентино Перез размислува да го вклучи во трејд кој би ја засилил одбраната со потпис на највисоко ниво.

Приоритет на Реал Мадрид е да донесе перспективен млад централен бек, а веќе се размислуваа за неколку имиња во последните недели. Конечно Флорентино Перез донесе одлука и се фокусираше на дефанзивецот кој импресионираше во Премиер лигата, а клучен за трансферот би можел да биде Гарсија.

Реал Мадрид ги интензивираше контактите за да го финализира доаѓањето на Дин Хујсен, играч на Борнмут и еден од најперспективните играчи во Европа. Шпанско-холандскиот играч има исклучителна сезона и исто така пројави интерес да го облече дресот на „кралевите“.  Веќе имало средба со неговиот татко, што покажува дека преговорите се напреднати и наскоро би можеле да бидат финализирани.

Борнмаут го процени Дин Хујсен на 60 милиони евра, што е висока цифра за Реал Мадрид. Сепак, англискиот клуб е подготвен да ја намали цената доколку во зделката биде вклучен и Фран Гарсија. Со оваа размена Реал Мадрид би платил само 45 милиони, а шпанскиот бек би го засилил левото крило на Борнмут.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk