Неговиот татко е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, а тој иако има само 14 години е во центарот на вниманието и поради фактот дека се смета за голем талент и му предвидуваат блескава кариера.
Станува збор за Кристијано Роналдо Јуниор, синот на легендарниот Португалец и сегашен напаѓач на Ал Наср, кој сега е член на У-14 на Ал Наср.
Како што пренесуваат релевантните медиуми, Кристијано Јуниор наскоро ќе мора да донесе одлука, а има дури пет опции.
Секако дека желбата на неговиот славен татко е тој да игра за Португалија, но останува да се види каква ќе биде одлуката.
Јасно е дека првата опција е Португалија, земјата на неговиот татко. Може да игра за САД со оглед дека е роден во таа земја, во Сан Диего.
Би можел да игра и за Англија, ако се знае дека неговиот татко доволно години играше за Манчестер Јунајтед а тој беше во академијата на овој клуб.
Четврта опција е Шпанија, секако поради настапите на неговиот татко во Реал Мадрид, а тој живееше во таа земја до својата осма година.
Најинтересно е тоа што и селекцијата на Зеленортските Острови е опција, и тоа поради својата баба, мајката на Кристијано сениор која потекнува од оваа земја.
Сепак јасно е дека оваа опција е со најмала веројатност.