Вчера во меч од 3.коло во Лигата на Шампионите, Манчестер Сити ја победи Спарта Прага со 5:0. Посебно блесна Ерлинг Халанд кој во 58.минута постигна фантастичен гол, првиот од двата на средбата, и тоа со петта во скок, како што некогаш го правеше тоа Златан Ибрахимовиќ.
По мечот менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола не го криеше своето воодушевување од Норвежанецот:
“Тој гол не е нормален, тој гол како да не е дело на човечко суштество. Знам дека не му е лесно. Цела противничка одбрана го чува во казнетиот прстор во одредени моменти, но ете тој наоѓа начин да реализира. Талентот на Халанд е неверојатен. Признавам дека во моментот тој гол на Халанд не го видов, потоа на ТВ го видов и се воодушевив“ посочи Гвардиола.