logo
logo
logo

Панчев по победата над Германија: Секоја чест за момците, тоа е историски успех!

Vecer | 03.04.2021

Панчев по победата над Германија: Секоја чест за момците, тоа е историски успех!

Дарко Панчев, после Горан Пандев најдобриот фудбалер во историјата на Македонија за медиумите во Србија редовно дава свои анализи за актуелните случувања во фудбалот. Па така за српски Новости, покрај другото тој се наврати и на фантастичната победа на Македонија на гости кај Германија со 2:1.

“Тоа секако дека е историски успех. Секоја чест за момците. Е сега како дојде до оваа победа тоа е за посебна анализа. Дали Германија им дозволи на нашите да победат или пак нашите сами дојдоа до победата, тоа треба да се анализира“ посочи Панчев.

„Кобрата“ во интервјуто се произнесе околу настаните во Вардар додека беше тој во клубот.

“Многи измамници кружат во нашите клубови на овие простори. И поради нив ние што го сакаме фудбалот и што сакаме да направиме нешто добро, не можеме од нив“ посочи Панчев.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk