Очекувано ако може така да се каже. Сепак Реал Мадрид е моќен клуб, без разлика што Дон Флорентино Перез „плаче“ и изјавува дека “кралевите“ се во немилост на УЕФА.
По денешната одлука на Дисциплинската комисија на УЕФА, очигледно дека не е така.
Имено по се она што направија по реванш мечот со Атлетико Мадрид, кога славејќи се заборавија во радоста, денеска УЕФА објави дека нема суспензии за Антонио Ридигер, Килијан Мбапе и останатите играчи на Реал кои беа под истрага.
Тоа знчи дека Германецот и Французинот ќе играат против Арсенал во 1/4 финалето во ЛШ против Арсенал.
Ридигер е казнет со 40.000 евра, Мбапе со 30.000 евра и условно се казнети со по еден меч ако го повторат делото. Себаљос е казнет со 20.000 евра а Винисиус е ослободен од секаква вина.
Тоа е тоа. Тоа е Реал Мадрид.