logo
logo
logo

Компани: Мора да победиме во Милано

Vecer | 09.04.2025

Компани: Мора да победиме во Милано

Далеку од она што очекуваа и посакуваа во таборот на Баерн Минхен, „Баварците“ синоќа на свој терен во рамките од четвртфиналето од Лигата на Шампионите загубија од Интер со 1:2.

Во игра која и не беше така лоша, Баерн ги направи клучните грешки во лош момент, и сега има многу тешка задача пред себе. Да анулира негатива пред преполн Џузепе Меаца во реваншот во Милано.

Тренерот на Баерн, Винсент Компани е свесен за ситуацијата во која што се наоѓа и тој и неговиот тим, а таа има само едно решение. Победа на гостински терен.

„Мислам дека добро го започнавме дуелот. Бевме доминантни во првите половина час. Имавме доста добри шанси, каде што требаше да постигнеме голови. Во вториот дел бевме исто така доминантни. Сега сме на полувреме што се вели. Водат со 1:2, а ние мораме да победиме во Милано“ – изјави Компани.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk