logo
logo
logo

Лаутаро: Докажавме што можеме против голем тим и заслужуваме да го носиме овој дрес

Vecer | 09.04.2025

Лаутаро: Докажавме што можеме против голем тим и заслужуваме да го носиме овој дрес

Тимот на Интер синоќа направи сериозен чекор напред во годинешната Лига на Шампиони, откако на гостински терен успеа среде Минхен да го совлада Баерн со 1:2. На тој начин си создаде огроман предност пред реваншот во Милано и огромна шанса за пламсан во полуфиналето.

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез по мечот рече дека ремито со Парма во Серија А, кое може да се нарече кикс во многу му помогнал на тимот  за да создаде победничка атмосфера пред мечот со Баерн.

„Зборувавме толку многу по ремито со Парма во Серија А во саботата. Сакаме да продолжиме да се подобруваме. Ако сакаме да победиме, тоа моравме да го оставиме зад нас за да дојдеме до добар резултат овде“, изјави Аргентинецот по мечот на „Алијанц Арена“.

“Овој настап беше комплетен во секој поглед. Покажавме карактер и квалитет, а добро се снајдовме и со поседот на топката против силниот противник. Момците докажаа што можат да направат против голем тим и дека заслужуваат да го носат овој дрес”, – додаде напаѓачот. 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk