Аргентинскиот фудбалски гигант Бока Јуниорс го назначи Фернандо Гаго за нов тренер на местото на Диего Мартинез кој даде отказ минатиот месец по три последователни порази во аргентинскиот шампионат.
Гаго е поранешен фудбалер на Реал Мадрид, а доаѓа од редовите на мексиканскиот клуб Гвадалахара каде што работеше до сега. Тој ги водеше уште Алдосиви и Расинг клуб од Аргентина.
Ова е трет пат Гаго да биде во Бока. Ја почна кариерата во овој клуб за кој играше од младинските категории и во А тимот. За А тимот играше од 2004 до 2006 година, а потоа уште еднаш, од 2013 до 2019 година. Сега се враќа како тренер.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата