logo
logo
logo

Одбојкарите се собраа во Струмица, почна мисијата: „Сребрена лига 2021“

Vecer | 03.05.2021

Одбојкарите се собраа во Струмица, почна мисијата: „Сребрена лига 2021“

Македонската одбојкарска репрезентација, денеска и официјално го имаше првиот собир во пресрет на летните настапи во Европската Сребрена лига. Одбојкарите под водство на селекторот Матијашевиќ се собраа во хотелот „Сириус“ во Струмица, каде ќе бидат стационирани з авреме на подготовките до стартот на првиот турнир кој ќе се одржи исто така во Струмица.

Вкупно 20 репрезентативци се на списокот на Матијашевиќ, кои со тренинзи почнуваат во салата „Парк“ во Струмица каде што ќе бидат одиграни и средбите од првиот турнир во нашата група „А“, како и завршниот на најдобрите четири тима. Фактот што „црвено-жолтите“ се сигурни учесници на него, овозможува да играат без преголем резултатски притисок на шесте натпревари во групната фаза, а со тоа постепено да ја градат потребната форма за последните два меча од Европската сребрена лига 2021.

„Ова ќе биде долг репрезентативен период и задовоство е што ќе го почнеме со учество во Европската сребрена лига во којашто се враќаме по три години. Сакаме да го освоиме првото место, а потоа ќе размислуваме за Европското првенство во септември. Абициите се јасни и верувам дека се остварливи“, убеден е капитенот Никола Ѓорѓиев.

„Во период од повеќе од една деценија се променија многу работи кога се во прашање ваквите собири. Сега сме во ситуација да планираме големи резултат, а притоа оптимизмот да не биде базиран на желби, туку на она што го направивме во претходните години“, рече претседателот на ОФМ Петар Јовановски.

Во текот на подготвителниот период во план се и неколку пријателски натпревари, но се уште се чека потврда на можните противници и на термините.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk