logo
logo
logo

Новиот дрес на Србија ќе биде со ликот на Синиша Михајловиќ!

Vecer | 02.01.2025

Новиот дрес на Србија ќе биде со ликот на Синиша Михајловиќ!

Фудбалскиот сојуз на Србија е на пат да најде нов технички спонзор откако заврши соработката со Пума, а реномираната „Газета дело Спорт“ наведува дека на новите дресови ќе стои ликот на легендарниот Синиша Михајловиќ.

Имено, нов технички спонзор на ФСС треба да биде италијанската компанија Макрон, стационирана во Болоња, а новиот дрес на Србија да го носи ликот на познатиот репрезентативец и тренер. Врската помеѓу Болоња и Михајловиќ е посебна бидејќи тој додека беше тренер на овој тим се лекуваше од леукемија во овој град.

Откако беа остварени контакти меѓу федерацијата и Макрон, италијанската компанија излезе и со идејно решение на дресот да биде насликана карактеристичната силуета на Михајловиќ додека изведува слободен удар.

Исто така, на дресот би бил и неговиот моќен мотивациски цитат, кој на играчите ќе им даде посебен мотив да се борат како што се бореше самиот Синиша, и на теренот и надвор од него кога ја водеше битката на животот. Тоа секако би бил уникатен дрес бидејќи ваква идеја не е видена во светот на фудбалот, барем кога се во прашање репрезентациите.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk