logo
logo
logo

Њукасл му одржа лекција на Јунајтед (ВИДЕО)

Vecer | 13.04.2025

Њукасл му одржа лекција на Јунајтед (ВИДЕО)

Во меч кој што требаше да биде некакво дерби на тековното Премиер лига коло, тимот на Њукасл на свој терен со 4:1 го уништи тимот на Манчестер Јунајтед. Домаќинот ја покажа сета своја сила на овој меч и комплетно доминираше особено во вториот дел. Јунајтед пак се врати на старите навики да се распаѓа особено во финишот на мечевите.

Сандро Тонали беше тој кој што го отвори резултатот во 24. минута, но Јунајтед сепак преку Гарначо успеа да обезбеди 1:1, пред полувреме.

Сепак, на самиот старт, во 49. минута, Барнс зголемува на 2:0, а истиот играч во 64. минута и на 3:1. Во 77. минута Бруно Гимараеш веќе го одведе Њукасл на 4:1 што значеше и катастрофа за Манчестер Јунајтед.

Њукасл е четврти со 56 бода и меч помалку од останатите, додека пак Јунајтед е 14. со 38 бода.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk