logo
logo
logo

Ниту финансиската ситуација не ги менува плановите на Барса за Рафиња

Vecer | 22.05.2025

Ниту финансиската ситуација не ги менува плановите на Барса за Рафиња

Raphael Dias Belloli Raphinha of FC Barcelona during the La Liga EA Sports match between FC Barcelona and Real Madrid CF played at Lluis Companys Stadium on 11 May 2025 in Barcelona, Spain. (Photo by Bagu Blanco / Pressinphoto / Icon Sport via Getty Images)

Нанјдобриот фудбалер на Барселона, 28-годишниот бразилски крилен напаѓач Рафиња, го продолжи договорот со каталонскиот клуб за една сезона и треба да остане во Барса до крајот на јуни 2028 година. Ова го објавија британските медиуми, повикувајќи се на познатиот италијански спортски новинар Фабрицио Романо, кој е еден од најдобро информираните новинари кога станува збор за трансфери на фудбалери.

Манчестер Јунајтед сакаше да го види бразилскиот репрезентативец, чиј тековен договор беше важечки до јуни 2027 година, во своите редови, кои понудија отштета во износ од 70 милиони евра. Иако Барселона е во тешка финансиска ситуација, раководството одлучи дека продажбата на Рафиња не доаѓа предвид.

Бразилскиот напаѓач пристигна во Барселона во јули 2022 година од Лидс за 58 милиони евра, а оваа сезона постигна 34 гола и имаше 25 асистенции во сите натпреварувања. Тој одигра 143 натпревари за Барса, постигнувајќи 54 гола и имајќи 50 асистенции.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk