Верувале или не, но сепак е вистина! Узбекистанецот Абдукодир Хусанов (21) кој во зимскиот преоден рок дојде од Ленс за 40 милиони евра, е прогласен за играч на Манчестер Сити за месец февруари. Тој го победил во гласањето, во кое учествувале фановите на Сити, еден Ерлинг Халанд. Секоја чест за младиот дефанзивец ама ова кажува многу за тоа во каква форма се наоѓа Сити и пред се каква сезона има.
Хусанов во февруари одигра пет меча за Сити и постигна еден гол, а досега одиграл само шест средби за својот нов клуб.
Секако дека пред него е голема кариера, но просто неверојатно е како сега е пред, барем за месец февруари, пред Халанд, Фоден, Едерсон, Де Брујне, Савињо, Бернардо Силва, Гвардиол… и останатите мега – ѕвезди на тимот на Пеп Гвардиола.