logo
logo
logo

Неверојатно: Интер само од вечерашниот меч со Барса ќе заработи рекордни 14 милиони евра!

Vecer | 06.05.2025

Неверојатно: Интер само од вечерашниот меч со Барса ќе заработи рекордни 14 милиони евра!

Вечерва после 23 часот ќе знаеме дали Интер или Барса ќе се пласираат во финалето на Лигата на Шампионите, но уште сега се знае дека овој меч, односно полуфинален реванш е историски за Интер. Јасно е дека сите 75.000 билети пламнаа, трибините на „Џузепе Меаца“ ќе бидат преполни, но историски ќе биде од причина што само од овој меч клубот од Милано ќе заработи рекордни 14 милиони евра. Досега рекордот изнесуваше 12,5 милиони евра од мечот со Милан, исто во полуфиналето во ЛШ пред две години.

Сега и дефинитивно е јасно дека Лигата на Шампионите е само за богатите, посебно ако се знае дека кога играа Интер и Барса пред 15 години во 1/2 финалето на “Меаца“ еден билет на еден сектор чинеше 22 евра, сега истиот билет за истиот сектор чини 120 евра.

Со оваа заработка од вечерва, Интер може да го покрие годишниот договор на Лаутаро Мартинез со се порезните стапки од тој договор на својот капитен.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk