logo
logo
logo

Навивачите на Баерн со навредливи пораки до првиот човек на ПСЖ, клубот се извини!

Vecer | 28.11.2024

Навивачите на Баерн со навредливи пораки до првиот човек на ПСЖ, клубот се извини!

ФОТО: FC Bayern Munich

Баерн Минхен на „Алијанц Арена“ го совлада ПСЖ со 1:0. Сепак, по натпреварот најголемо медиумско внимание доби транспарентот што го истакнаа локалните навивачи. Големата кореографија беше насочена против претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи.

На два транспаренти развлечени на трибините напишаа: „Министер, сопственик на клуб, сопственик на ТВ права, член на извршниот комитет на УЕФА, директор на Европската клупска асоцијација, сите во едно? а потоа на онаа на оградата, до знамето на кое беше прецртана главата на Ал-Келаифи: “Фудбал, тоа сум јас? О**еби, плутократ Ал-Келаифи!”.

Сега Баерн се огласи и официјално за целата ситуација. Баварскиот клуб му се извини на ПСЖ.

„За време на натпреварот на Баерн во Лигата на шампионите, на „Алијанц Арена“ беа видени транспаренти упатени до Пари Сен Жермен и неговиот претседател Насер Ал-Келаифи.  Клубот сака да стави до знаење дека овие постери не се одобрени од ФК Баерн и не ја одразуваат неговата позиција. Тие не се во согласност со добрите и долгогодишни односи меѓу двата клуба. Тонот на овие постери, исто така, е во спротивност со стилот на ФК Баерн и начинот на кој клубот се однесува со почит кон своите меѓународни партнери“, се вели во соопштението.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk