logo
logo
logo

Наполи „спасуваат“ англиски репрезентативец од Челзи

Vecer | 15.10.2024

Наполи „спасуваат“ англиски репрезентативец од Челзи

Италијанскиот Наполи е заинтересиран за бекот на Челзи, Бен Чилвел, пренесува „Сан“. Откако летоска Наполи ги ангажираше Били Гилмор и Скот Мектоминеј од Челзи односно Манчестер Јунајтед, а тие добро се вклопија во екипата, менаџерот Антонио Конте сака да донесе уште еден играч од Премиер лигата.
Изборот е Чилвел кој летоска сакаше да си замине од Челзи меѓутоа откако не успеа да направи трансфер мораше да остане на „Стемфорд Бриџ“. Сега доаѓа јануарскиот преоден рок и повторно се актуелизира неговиот трансфер.
„Сан“ пренесува дека покрај Наполи за Чилвел се интересираат уште Фулам, Кристал Палас и Ипсвич Таун.
Поранешниот играч на Лестер малку игра сезонава во Челзи, а тој сака да биде почесто во тимот за да не го загуби статусот репрезентативец на Англија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk