Еден од најоспоруваните фудбалери на денешницата, дефанзивецот на Манлестер Јунајтед, Хери Мегваер, е подготвен драстично да ја намали својата плата само за да и натаму биде дел од тимот на Олд Трафорд.
Тој има договор до следното лето, а како најава за она што следува, Мегваер е подготвен да игра за Јунајтед за двојно помала плата која што би стоела како главна клаузула во евентуалниот нов дил.
Конкретно, Мегваер во моментов прима 180.000 фунти на име на плата на неделно ниво, а шпекулациите се дека тој би се сложил на „само“ 100.000. Понудата се очекува да биде за една година со опција за продолжување на уште една сезона.
Хари Мегваер се пресели во Манчестер Јунајтед во 2019 година кога на Лестер му беа платени 80 милиони фунти за него. Оттогаш, централниот бек одигра 222 натпревари во сите натпреварувања. Во текот на тековната кампања, англискиот репрезентативец одигра 16 натпревари во сите натпреварувања и забележа вкупно 970 минути.