Екипата на Наполи го совлада Комо со 3:1 и ќе преседи на првото место по новата пауза во Серија А поради настапите на репрезентациите во Лигата на нациите. Под Везув еуфорично уште во 25 секунда кога Скот Мектоминеј ја искористи асистенцијата на Ромелу Лукаку и ја затресе мрежата. Тоа е негов прв гол за Наполи по трансферот од Манчестер Јунајтед во текот на летото.
Наполи прими гол во финишот на првото полувреме, а стрелец за 1:1 беше Габриел Стрефеца.
Во 53 минута Наполи повторно поведе, а Лукаку погоди од пенал. За 3:1 Лукаку му асистираше на Давид Нереш кој не погреши пред противничкиот гол.
Наполи има скор 5-1-1, додека Комо е на 10-тото место по некомплетно 7.коло.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата