Јулијан Нагелсман на крајот на сезоната ќе го замени Ханси Флик на клупата на Баерн Минхен откако „Баварците“ за него платија меѓу 15 и 20 милиони евра. Младиот стратег веќе е именуван за нов стратег на Баерн, а тој наводно побарал двајца играчи од Лајпциг и тоа Марсел Забицер и Емил Форсберг. Првиот е австриски репрезентативец и е капитен на „биковите“ и игра во средниот ред. Форсберг е шведски репрезентативец и е офанзивен играч за врска, а примарна позиција му е лево крило.

Нагелсман во нив гледа лидери во средниот ред, а добро ги познава затоа што одлично се вклопуваат во сите негови формации. Цената на Форсберг е околу 20 милиони евра, а Забицер е многу баран на трансфер пазарот. Тој има осум голови и шест асистенции во 34 натпревари, а неговата цена скокна на преку 40 милиони евра.

За Австриецот се интересираат англиските Тотенхем, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

sportmedia.mk