logo
logo
logo

Чави пред Ел Класико: Фрустрацијата од мечот со ПСЖ нека се сврти во наша корист

Vecer | 20.04.2024

Чави пред Ел Класико: Фрустрацијата од мечот со ПСЖ нека се сврти во наша корист

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез зборува пред утрешното големо дерби со Реал Мадрид на „Бернабеу“ во рамките на Ла Лига. „Кралевите“ имаат осум бода предност пред „Каталонците“ со седум натпревари до крајот на лигата.
Утре имаме можност да се вратиме во борбата за титулата во Ла Лига. Ова се покажа како најважниот натпревар во сезоната. Ќе се сретнеме со силен Реал Мадрид, а уште повеќе по елиминацијата на најдобриот тим во светот – Сити. Еуфоријата ќе биде голем, а противникот ќе биде многу силен. Денеска трениравме добро, но вчера се уште нè кочеше она што се случи во Лигата на шампионите. Тимот го има целиот ентузијазам на светот да се бори за лигата“, изјави Чави кој продолжи:

Реал Мадрид мораше да се брани од Сити, кој е најдобриот тим на светот денес. Мораа да се бранат и одлично се бранеа. Тоа се ситуации во кои треба да доминирате, а и тие знаат како да го направат тоа. Победиле многу пати бидејќи се многу добри. Не верувам толку во среќа. Верувам во работата, во тимот, не во случајноста.
Мораме да го промениме нашиот начин на размислување. Нека лутината, фрустрацијата и немоќта на натпреварот со ПСЖ се свртат во наша корист. Пред нас е силен Реал Мадрид, морално засилен по оваа недела во Лигата на шампионите“, додаде тренерот на Барса.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk