Суперкупот на Италија веќе неколку години се игра надвор од Апенините во Саудиска Арабија, а јасно е дека парите се главната причина за ваквата одлука.
На овогодинешното издание на Суперкупот ќе учествуваат Интер, Аталанта, Јувентус и Милан. Програмата веќе стартуваше со натпреварот меѓу Интер и Аталанта, а на крајот клубот од Меаца победи со 2:0 и се пласираше во финалето, каде го чека противникот од пресметката помеѓу Јувентус и Милан.
Пред почетокот на натпреварувањето беше организиран собир на челниците на сите клубови, а во центарот на вниманието беа Златан Ибрахимовиќ и Џузепе Марота.
Директорите на градските ривали позираа заедно и си разменија подароци, но Златан немаше поим што му подготвува Марота.
Познато е дека пред Милан, Ибрахимовиќ со многу успех играше за Интер, од кој летото 2009 година се пресели во Барселона.
Навивачите на Интер не му простија што подоцна замина во Милано, каде што остана и по завршувањето на играчката кариера. Челниците на градскиот ривал решија да се пошегуваат со Златан и да му дадат посебен подарок.
Имено, Марота денеска му врачи дрес на Интер, што Ибрахимовиќ не го очекуваше, а на неговото лице беше видливо колку е изненаден, и дека не очекуваше тоа да го направи директорот на поранешниот клуб.
Сето тоа Ибрахимовиќ го видел со насмевка, но италијанските медиуми пишуваат дека не му се допаднала шегата на Марота.
Швеѓанецот одигра вкупно 117 натпревари во дресот на Интер, каде постигна 66 голови и забележа 19 асистенции. Интер го продаде за 40 милиони евра, а во трансферот беше вклучен и Самуел Ето кој дојде од Барселона.
Подоцна, Ибрахимовиќ за Милан одигра 163 натпревари и постигна 93 гола со 34 асистенции. Играше и за Јувентус, Барселона, ПСЖ, Ајакс, Манчестер Јунајтед, ЛА Галакси и Малме.