logo
logo
logo

Луис Енрике: Со мене или без мене, ПСЖ во наредните десет години во неколку наврати ќе ја освои ЛШ!

Vecer | 05.01.2025

Луис Енрике: Со мене или без мене, ПСЖ во наредните десет години во неколку наврати ќе ја освои ЛШ!

Дали ова Луис Енрике се зафркава или не? Познато е дека во изминатите 15 години катарските газди во ПСЖ “истурија“ милијарди евра, но тоа не беше доволно барем еднаш да се дојде до пехарот, до “ушлето“ во Лигата на Шампионите. Само едно финале во најпрестижното клупско натпреварување во светот на фудбалот во овој период, пораз од Баерн Минхен, секако дека не е доволно да се остварат тие силни пари.

Пехарите во Лига 1 не се сметаат, таму и со далеку послаб тим и со далеку помалку пари се освојуваат пехари.

Велиме дали Шпанецот кој е актуелен стратег на ПСЖ се зафркава или не, самите проценете од неговата најнова изјава поврзана со оваа болна тема во клубот од Париз:

Ми се допаѓа политиката на клубот, а таа е да тренира играчи и да им дава доверба на квалитетни играчи. Ние ангажираме играчи кои сакаат да дојдат кај нас. Јас сум убеден, јас не се сомневам дека со оваа политика, со мене или без мене, во наредните десет години ПСЖ во неколку наврати ќе ја освои Лигата на Шампионите“ посочи Луис Енрике.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk