logo
logo
logo

МЗТ Скопје во една од најважните битки, време е да се промени врвот!

Vecer | 25.03.2022

МЗТ Скопје во една од најважните битки, време е да се промени врвот!

МЗТ Скопје сигурно чекори оваа сезона во АБА 2-лига. Актуелниот македонски првак покажа дека местото не му е во оваа конкуренција, а за тоа говори и изгледот на табелата пред стартот на претпоследното коло од регуларниот дел во второлигашката јадранска конкуренција.

Денеска Александар Петровиќ и неговите момци имаат шанса да го завземат првото место на табелата. Во Широки Бриег, силите ќе ги одмерат со директниот конкурент, Борац Бања Лука, мечот е закажан со почеток во 18 часот.

Пред стартот на оваа средба, Хелиос е прв бидејќи има меч повеќе, оваа ситуација ќе се промени после завршувањето на дербито на колото.

„Добрата игра во завчерашниот триумф против силниот Широки Бријег (91-78) ни дава надеж дека можеме да очекува носа добра партија од сино-белите кошаркари, што би го забетонирало првото место на табелата како круна за досегашниот успешен настап на јадранска сцена.
Атмосферата е на завидно ниво, желбата за борба е огромна, а решеноста да се дојде до посакуваната цел е максимална“, порачаа од МЗТ Скопје.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk