logo
logo
logo

Дешам: Не престанавме да веруваме!

Vecer | 24.03.2025

Дешам: Не престанавме да веруваме!

Селекторот на Франција, Дидие Дешам e задоволен по победата над Хрватска во четврт-финалето на Лигата на нации после изведување на пенали.

„Петлите“ вложија многу труд и успеаја да ја избришат негативата од два гола по првиот меч, но не и да победат во регуларното време, па мораа да минат преку продолженија и пенали.

„Најважно е што не престанавме да веруваме, особено по првото полувреме, во кое требаше да постигнеме гол. Денеска одигравме натпревар на многу високо ниво, против многу силен противник. Дали се чувствуваме ослободени? Не. Но, кога победуваме, секогаш сме среќни. Мораме да го цениме тоа. Јасно е дека Франција има играчи од класа, но ни недостига искуство, бидејќи тие се доста млади за нашата репрезентација, веруваме дека оваа победа ќе ни помогне“, изјави предводникот на француската репрезентација. 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk